Која е разликата во хартијата која за користи за производство на Тоалет хартија и Бришачи за раце
За да се унапреди распаѓањето на хартијата во септички јами или дренажа, користената хартија за изработка на тоалетната хартија има пократки целулозни влакна одколку хартијата за бришење раце или лице или хартијата за пишување. Производителот се обидува да постигне оптимална рамнотежа помеѓу брзото распаѓање (за кое се потребни пократки влакна) и цврстината (што бара подолги влакна). Набивањето на тоалетна хартија во линиите за одвод спречува распаѓање на целулозните влакна и доаѓа до запушување на одводните цевки, затоа тоалетната хартија треба да биде изработени од пократки целулозни влакна кое што ќе овозможи полесно распаѓање во вода додека хартија за раце или наречена бришачи за раце не треба лесно да се распадне во вода од причина да не дојде до распаѓање на хартијата во моментот кога луѓето си го бришат лицето или рацете.
Дозатори најмногу користени системи за дозирање на тоалетна хартија во комерцијални објекти
За користење на тоалетна хартија во комерцијални објекти постојат повеќе системи диспензери ( дозери ) за дозирање на тоалет хартија. Секој систем има добри но и лоши старни. Дозатори ( диспензери ) за тоалетна хартија најмногу користени се дозатор за Џамбо ролна каде што со овој систем има најголема потрошувачка на тоалет хартија и непотребно расфрлање, друг систем за дозирање на тоалет хартија е системот на тоалет харија во листови ( сложенки, превиткани листови) кој имаат мала димензија на апаратот има простор дури и во малите тоалети, наменет за средно фрекфентни локации, а како најнов систем диспензер за тоалет хартија е системот со централно извлекување кој што овозможува рационално користење на тоалетната хартија и е наменет за високо фрекфентни локации. На крај може да заклучиме дека сите системи се подобри одколку оставени класични тоалетни хартии во тоалетот, затоа што со користење на дозатори за тоалет хартија самата хартија е заштитена од расфрлање или допирање со што се постига подобра хигиена и безбедност од ширење на заразни болести.