Против-замор подните облоги  често се користат за намалување на нарушувања на нозете и долните екстремитети за работниците кои стојат или прават кратки движења на една позиција подолг период. 

Ергономските подни облоги (стапки) против замор  што го олеснуваат притисокот на стапалото, ја стимулираат циркулацијата на крвта и помагаат во намалување на притисокот на долниот дел на грбот, зглобовите на нозете и главните мускулни групи,апсорбира удар го намалува кршењето и ги штити подовите.

Непријатност, замор и болки во нозете, колената или колковите по долго часови стоење се комбиниран ефект на неколку фактори, имено дизајнирањето на работата (работни позиции каде што работниците прават кратки движења или стојат), обувките на работниците и тврдоста на материјалот на подот.

Според научните податоци, стоењето подолг временски период повеќе од 4 часа е особено стресно и заморно. Самото стоење може да предизвика умор по цел работен ден која што се одразува на здравјето на работникот како и концентрацијата и ефикасноста на работните обврски.