Со оваа статија би сакале да ви објасниме зошто е важно да се одржува хигиената на рацете.
15 октомври е Глобален ден за миење на раце, годишна кампања која се слави на глобално ниво за да се подигне свеста за важноста на миењето раце со пена или сапун и исто така да се мотивираат добрите практики за лична хигиена, бидејќи тоа е клучен пристап за превенција на болести.
Годинешниот Глобален ден на миење на рацете е на тема „Чисти раце: Рецепт за здравје!“ – да не потсети дека миењето на рацете е инструмент за заштита на нашето здравје, особено важноста од култивирање на добри навики за миење на рацете уште од млади со позитивно влијание од возрасните. Со обезбедување и континуирано подобрување на хигиенските средства, можеме да напредуваме и да работиме кон здрава заедница и иднина.
Спротивно на тоа, лошата хигиена на рацете може да доведе до ширење на вообичаени заболувања како што се грип, стомачни проблеми и главоболки. Покрај директното загадување, болестите можат да се шират преку вкрстено загадување, што резултира во сериозна епидемија или дури пандемија, вклучувајќи хепатитис А и Е, грип и тифусна треска што може да биде фатална.
Во анкетите што се направени резултатите покажуваат дека 64% од вработените веруваат дека состојбата на чистотата во канцелариите и тоалетите влијае врз нивната продуктивност.
83% тврдат дека „секогаш“ ги мијат рацете по посетата на тоалетот,
Со 51% од нив велат дека секогаш користат сапун; 43% секогаш ги сушат рацете и само 22% ги дезинфицираат рацете со дезинфициенси.
Миењето на рацете пред јадење и користење на тоалет може да ја подобри хигиената на децата за 79%
38%од вработените призна дека не ги мијат нивните раце кога беја во брзање.
20% избраа да не мијат раце поради недостиг на сапун и хартиени крпи во тоалетот.
16% призна дека не ги мијат нивните раце затоа што имало лош мирис во тоалетот и заминале брзо.
15% избегнуваат миење на раце ако областа на мијалникот не е чиста.
Редовно миење на рацете со сапун и вода може да ги намали заболувањата од дијареја со 50%
Правилната хигиена на рацете може да ги минимизира респираторните инфекции со 16%
Вирусот на грип може да преживее на наши раце и на други површини до 48 часа
Почнете со практикување со следните чекори за правилно миење на рацете уште денес!!!
ЧЕКОР 1: Редовно миете ги рацете со сапун повеќе од 20 секунди затоа што рацете се совршен терен за одгледување на вируси и бактерии, и се идеални за нивно ширење.
ЧЕКОР 2: Избришете ги рацете со хартија за раце или крпа која што само вие ја користете затоа што влажните раце делуваат како магнет што привлекуваат бактерии. Истражувањата откриле дека влажните раце шират 1.000 пати повеќе бактерии од сувите раце. Исушете ги рацете темелно откако ќе ги измиете.
ЧЕКОР 3: санитизирање на рацете затоа што микробите можат да преживеат на површини 24 часа.Санитајзирајте ги рацете за дополнителна заштита.
Со не измиени раце се врши кросконтаминација на објекти кои што најмногу ги допираме како што се квака од врата,работно биро,телефони,копчиња на лифтови, како и ракување со нашите колеги и пријатели затоа со самата хигиена на раце вие се заштитувате самите себе како и вашите пријатели и семејство.
Споделете го ова за да се подигне свеста за миење раце.