Услугата со професионални влезни подни стапки , обезбедува чисти и перени подни стапки во редовни интервали, за вашите подови да бидат постојано чисти и безбедни, задржувајќи ја нечистотијата и водата надвор од вашите простории. Стандардните стапки кои може да се најдат во малопродажба се направени од неквалитетни материјали со краток животен век и не траат долго. После кратко време тие се заситуваат со нечистотија и вода, губејќи ги способностите да задржуваат нечистотија и влага. Зошто да се перат стапките, неможе едноставно да се чистат со правосмукалки???
Прашање кое често се поставува. Одговорот е едноставен. Домашните правосмукалки во просек имаат 30% ефикасност во собирање на нечистотијата од теписите. Ова е поради пенетрацијата длабоко во ткаенината на теписите каде е недостапна за ефектот на вшмукување на правосмукалката. Најдобар начин да се исчити било кој текстил е со перење со вода!
Подните стапки не се ништо поразлични.
Клиените можат да си купат квалитетни влезни подни стапки и сами да си ги перат, или може едноставно да ја користат услугата на Глобал сервис без да вложуваат во подни стапки и да не се грижат за нивното одржување.

ПОБАРАЈ ПОНУДА